Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази нзадоволство поради изјавите на првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Чеферин пред неколку дена зборуваше за обвинувањата за прекршување на Финансискиот фер-плеј од страна на премиерлигашот потенцирајќи дека УЕФА била во право кога го казнила со две години суспензија од европските натпреварувања.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Таа одлука подоцна беше поништена од Спортскиот арбитражен суд, меѓутоа сега Сити повторно е под истрага.
Гвардиола смета дека Чеферин како адвокат по професија треба да знае дека не треба да дава такви коментари.
„Како адвокат и како претседател на УЕФА треба да знае дека за такви коментари треба да се покаже. Мора да знае дека треба да ја почитува процедурата и дека ние имаме право на одбрана“, изјави Гвардиола.
Инаку, Манчестер Сити е обвинет по дури 115 точки за прекршување на финансискиот фер-плеј, а судењето би требало да се заврши во текот на оваа или почетокот на следната година.