Летово Манчестер Сити се подготвува за сериозни засилувања во нападот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Серхио Агуеро го напушти клубот, па сега „граѓаните“ ќе бидат во потрага по нов голгетер. Англиските медиуми пишуваат дека тренерот Пеп Гвардиола има два приоритетни трансфери ова лето.
Првиот е Хари Кејн од Тотенхем. Кејн и самиот најави дека сака да оди во клуб со кој може да се бори за трофеи.
Вториот играч кој е на мета на Гвардиола е Џек Грилиш од Астон Вила. Се шпекулира дека Сити е спремен да го продаде Стерглинг за да направи место за Грилиш кој одигра фантастична сезона во тимот од Бирмингем.
Според „Атлетик“, Сити за потписите на Хари Кејн и Грелиш спремил буџет од 215 милиони фунти.