Дома Фудбал Англија Гвардиола го пушта „незадоволниот“ Сане да си оди!

Гвардиола го пушта „незадоволниот“ Сане да си оди!

Лерој Сане е слободен да си замине од Манчестер Сити доколку не се чувствува среќен на „Етихад“, потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Германскиот репрезентативец не е задоволен од својот статус во тимот и на маса има богата понуда од Баерн Минхен, па сериозно размислува да се врати во Бундеслигата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Очекувам Лерој да остане кај нас. Но се зависи од него. Клубот му упати понуда пред околу една година, а јас секогаш сум велел дека сакам да располагам само со играчи кои се среќни тука. Тој знае дека сите во клубот ќе сториме се што е во наша моќ да му помогнеме да биде најдобрата верзија на самиот себе“.

„Тоа нема да значи дека местото му е загарантирано, бидејќи располагам со многу квалитетен состав. Јас сакам да работам со него, но во исто време сакам секој мој играч да биде среќен. Ако тој не е среќен тука, може да замине, нема да го спречам“, изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, сума која Баерн Минхен не е спремен да ја плати. Во исто време „граѓаните“ не се подготвени да отстапат од неа, па Германците ќе мора добро да го одврзат кесето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус го напушта Реал, замена – ѕвездата од Серија А!

Според германскиот Билд, кој ретко греши кога станува збор за фудбалските трансфери, Чаби …