Meнаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пронајде неверојатен изговор за „тесниот“ пласман на „граѓаните“ во четвртфиналето во Лигата купот.
Малку недостасуваше за во осминафиналето од Лига купот да видиме изненадување. Вулверхемтон успеа да издржи и да не прими погодок во регуларниот дел, а потклекна дури во пенал серија бидејќи на спротивната страна заблеска Клаудио Браво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола после натпреварот беше исклучително незадоволен што неговата екипа толку се мачеше да избори пласман во следната фаза, а тој „виновникот“ го пронајде во топката со која се играше натпреварот.
Гвардиола после натпреварот изјави дека главниот реквизит на овој натпревар не бил во скалд со стандардите за ова ниво.
„Топката беше неприфатлива за ова ниво на фудбалот. Беше премногу лесна, лесно ја менуваше страната. Тоа воопшто не беше добра топка. Невозможно е да се постигне гол со ваква топка, ова не е изговор. Се што зборувам го мислат и моите играчи“, изјави Гвардиола.