Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги изненади сите денес со својот коментар за искусниот голман, Џо Харт.
Иако по заминувањето на „Итхад“ го елиминираше овој чувар на мрежата, но тврди дека таа одлука му е најтешката која ја донел во својата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најтешката одлука во кариерата ми беше да го пуштам Џо Харт да замине од клубот. Неверојатен професионалец е и нема никаков сомнеж дека е квалитетен голман“, истакна Гвардиола кој не можеше да гарантира дека Харт повторно ќе добие шанса во Сити.
„Не знам што ќе биде. Првпат слушам дека нема да остане во Вест Хем, не знам. Ќе разговараме и ќе донесеме вистинска одлука за него“, посочи Каталонецот.
Харт пред Вест Хем една сезона мина на позајмица во Торино, но договорот со „Граѓаните“ го врзува до следното лето.