Раководството на Манчестер Сити му дали ветување на Пеп Гвардиола дека ќе му донесе нов напаѓач ако клубот не успее да го доведе Алексис Санчез, пренесува „Манчестер Ивнинг Њус“.
Како што пренесуваат бројните англиски медиуми ѕвездата на Арсенал најверојатно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, иако во трката се вклучи и Челзи, па Гвардиола сега своето внимание ќе го насочи кон Антоан Гризман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако веќе подолго време се поврзува со Барселона и Манчестер Јунајетд, Гвардиола многу ги почитува квалитетите на Французинот и е спремен да го донесе следното лето.
Како што е познато, клаузулата на Гризман од 1-ви јуни ќе изнесува 100 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за „граѓаните“.
Притоа, Манчестер Сити се идвојува како фаворит за неговиот потпис, бидејќи е спремен да му понуди многу поголема плата за разлика од Барселона и Манчестер Јунајтед.