На церемонијата во Лондон вчеравечер, Пеп Гвардиола беше избран за најдобар тренер според ФИФА, а овој настан беше прилика новинарите да го интервјуираат стратегот на Барселона.
Гвардиола остави длабока трага на клупата на Барселона, па така не можеше да ги избегне прашањата поврзани за каталонскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарите ги интересираше Пеп да го анализира поразот на Барселона во Суперкупот на Шпанија.
„Реал многу брзо постигна гол, се бранеше добро и беа подобри. Тоа е што е, мојот совет е следен. Да се остане мирен, ова беше само едно финале, не се изгуби цела сезона. Треба да се даде поддршка и да се носат одлуки и заклучоци на крајот од сезоната“, изјави Пеп.
Во последно време поради променливите резултати на Барселона се појавија и информации дека Барселона може да го отпушти Чави. Гвардиола смета дека Чави треба да остане на клупата.
„Сметам дека играчите се тие кои треба да истапат во ово момент, не е до тренерот. Играчите треба да направат чекор напред, да покажат квалитет и ниво кое се бара од нив. Сезоната е многу долга“, додаде Пеп.