Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се најде во проблем бидејќи ФА одлучи да започне истрага поради жолтата лента која ја носеше во натпреварот против Виган.
Пеп на оваа средба се појави со жолта лента на оделото со што сакаше да даде поддршка на уапсените политичари на Каталонија. ФА веднаш започна истрага бидејќи сметаат дека тоа е кршење на правилата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак шпанскиот стручњак тоа не го загрижи бидејќи ја носеше лентата и во натпреварот против Арсенал.
Шпанскиот стручњак доби порака од ФА дека до 5 март ќе мора да се огласи и да го даде својот одговор на обвиненијата. После натпреварот во кој неговиот тим го освои Карабао купот, Гвардиола порача дека секогаш ќе носи жолта лента без оглед на тоа што другите зборуваат.
„Тие треба да знаат дека жолтата лента секогаш ќе биде со мене бидејќи јас сум прво човек, а потоа тренер. Не е работата во политичарите туку во демократијата и помагањето на луѓето кои не се виновни за тоа што ги обвинуваат. Ја прифаќам казната кога ќе ги прекршам правилата, но четворица луѓе се во затвор, други се надвор од Каталонија бидејќи ќе бидат уапсени ако се вратат. Европската фудбалска унија нас не учи дека можеме да носиме било што доколку покажуваме почит. Очигледно дека во Англија е поинаку“, изјави Гвардиола.