Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Ако не го поминеме Реал, може да дојде газдата и да ми каже – не си добар ќе добиеш отакз

Гвардиола: Ако не го поминеме Реал, може да дојде газдата и да ми каже – не си добар ќе добиеш отакз

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити веќе немаат шанса да се борат за титулата во Премиер лигата, Ливерпул создаде огромна предност и самиот Гвардиола неколку пати истакна дека неговиот тим ќе стави акцент на Лигата на шампионите.

Најелитното европско натпреварување како да се претвора во опсесија за „граѓаните“, а сезонава уште во осминафиналето ќе имаат тешка задача бидејќи за противник го добија Реал Мадрид. „Кралевите“ се најтрофејниот тим во историјата на ова натпреварување, но Пеп порача дека доколку не ги победат луѓето во клубот можат да дојдат и да му дадат отказ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ако не го елиминираме Реал Мадрид, може да дојде газдата на Сити и да ми каже: Не си добар, ќе добиеш отказ. Навистина не знам што може да се случи. Од друга страна пак може да биде задоволен и да ми каже дека сме одиграле добро. Од кога дојдов тука правам се за овој клуб да го направам подобар“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…