Анте Гаџа е еден од ракометарите кои го засилија Вардар за новата сезона.
Пред саботниот натпревар против Нексе во СЕХА лигата Гаџа даде интервју за интернет страницата на ова натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Вардар е европски шампион и тоа е предизвик за мене. Во Македонија ракометот е многу популарен и затоа едвај чекам да играм пред полна сала. Преминувањето во Вардар е чекор напред во мојата кариера. Свесен сум дека во Вардар играа играчи од светска класа на мојата позиција и нема да биде лесно да ги наследам, соиграчите се тука да ми помогнат“, изјави Гаџа.
Вардар од првиот натпревар одигран во Нашице има предност од 30:31.
„Имаме предност, но не е многу голема. Нексе направи промени и тоа е нивна предност. Сакаме да стигнеме до Ф4 и да се бориме за трофејот. Тешко е да се предвиди кој ќе биде шампион, најважно е да играме во Задар“, заврши засилувањето на Вардар.