Италијанските медиуми пред неколку дека пренесоа дека Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Арсенал, Џек Вилшер.
Тоа влера и официјално го потврди тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо кој призна дека би сакал да го има во својот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Вилшер го познавам долго време. За жал имаше многу проблеми со повреди, но од секогаш бил фантастичен фудбалер. Имам карактер на Англичанец, но техника на Шпанец и може да игра на повеќе места во тимот. Вистина е, ми се допаѓа многу“, изјави Гатузо.
Договорот на Вилшер со Арсенал истекува на крајот на сезоната, па Милан ќе се обиде да го донесе како слободен играч на „Сан Сиро“.
Сепак, ќе треба да се избори со конкуренцијата бидејќи за Англичанецот интерес покажува и Јувентус.