Дома Фудбал Италија Гатузо пред дербито со Рома откри од каде ја очекува најголемата опасност

Гатузо пред дербито со Рома откри од каде ја очекува најголемата опасност

Милан и Рома утре го играат големото дерби од третото коло во италијанската Серија А.

Пред натпреварот на „Сан Сиро“ зборуваше тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо кој откри од каде ја очекува најголемата опасност.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според Гатузо најголемата закана од Рома доѓа од босанскиот напаѓач, Един Џеко.

„Се припремаме за противник кој има навистина многу различни карактеристики. Имаат брзи играчи и добри се од прекини, па мораме да бидеме внимателни при прекините. Посебно мораме да внимавме на Џеко“, изјави Гатузо.

Минатиот викенд Милан беше поразен од Наполи со 3:2, иако имаше предност од 0:2. Гатузо објасни што се случило во тој натпревар.

„Против Наполи го видовте вистинскиот Милан, но само 60 минути. Имавме посед, го натеравме противникот да размислува и покажавме дека тешко да се игра против нас. Повеќе трчавме, а кога започнавме да трчаме без никаков план, тогаш настанаа проблемите“, истакна стратегот на Милан.

Натпреварот помеѓу Милан и Рома се игра утре со почеток во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед го тужи сегашниот клуб поради негрижа при повреда, бара еден милион евра

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе, го тужи клубот за отштета во изно…