Дома Фудбал Италија Гатузо покажа големина во кризата: Италија очекува ист потег и од Елмас и друштвото!

Гатузо покажа големина во кризата: Италија очекува ист потег и од Елмас и друштвото!

Tренерот на Наполи, Џенаро Гатузо доброболно си ја намали платата во наредниот период.

Општо познато е дека коронавирусот направи проблеми на бројни фудбалски клубови кои „преку ноќ“ остана без приходот од реклами и влезници, а во таква ситуација некои се одлучија да ги намалат платтите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Со Џенаро Гатузо Наполи немаше потреба да преговара затоа што овој легендарен италијански фудбалер и сега тренер одлучи самиот себе да си ја намали платата, а истото го направи и спортскиот директор на Наполи, Кристиано Гинтоли.

Оваа информација ја пренесе „Кориере дело Спорт“ наведувајќи дека двоецот одлучи да помогне на клубот полесно да ја поднесе кризата која ја создаде коронавирусот.

Истиот весник наведува дека во наредниот период се очекува на истиот потег да се одлучат и играчите на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…