Прославениот фудбалер Гатузо ја одби понудата да ја превземе Џенова, јавуваат италијанските медиуми.
Гатузо повеќе од шест години е во тренерските води, а откако што во мај се раздели од Милан, доби нова понуда од клуб во Серија А. „Corriere dello Sport“ објави дека 41-годишниот стратег на својата клупа го сака Џенова чиј претседател Презиоси ја загуби довербата во Андреазоли, меѓутоа поранешниот одличен фудбалер наводно ја одбил понудата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Истиот медиум пишува дека проектот на Џенова не го импресионирал Гатузо, кој одлучи да почека на поатрактивна понуда, особено дека во последно време се повеќе се шпекулира за враќање на „Сан Сиро“. Во италијанскиот шампионат Џенова стои многу лоши. Во шест огирани натрепвари победи само еднаш и во моментов се наоѓа во зоната за испаѓање.