Вечерва во Бергамо во 4. коло од Лигата на шампионите ќе се сретнат Аталанта и Манчестер Јунајтед.
Пред две недели „црвените ѓаволи“ славеа на „Олд Трафорд“ со резултат 3:2, па домаќините сигурно сакаат да се реваншираат. Свесни се во италијанскиот клуб дека ќе се соочат со одлична екипа. Тренерот на Аталанта Гасперини со респект зборуваше за „црвените ѓаволи“.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Гасперини истакна дека Јунајтед има широк играчки кадар и дека има моќ да ја промени ситуацијата на теренот во секој момент.
„Се работи за феноменална екипа, без оглед што имаат падови. Тие се тим со широк играчки кадар, а екипата може да игра на повеќе начини. Нивната најголема вредност е што во секој момент можат да го свртат натпреварот во своја корист“, истакна тренерот на Аталанта.