Алехандро Гарначо го постигна веројатно голот на сезоната во победата на Манчестер Јунајтед против Евертон, иако сме само ноември. Сепак, во таброт на „црвените ѓаволи“ се зборува и за друг фудбалер по овој меч – Коби Миану.
Маину ги одработи летните подготовки со Манчестер Јунајтед и остави добар впечаток уште тогаш. Сепак, поради повреда мораше да оди на рехабилитација и доби шанса дури сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тен Хаг му даде шанса од првата минута против Евертон, а за својот настап доби пофалби од стратегот на Јунајтед и легендарниот Рој Кин.
„Ние сме во транзициски период и мораме да ги надоградуваме нашите фудбалери. Сепак, не може само да им даваме шанса на младите играчи, тие треба да ја заработат шансата. Беше многу болно кога Малину се повреди во пресезоната, но сега се врати и го дочека првиот старт. Презадоволни сме од перформансите, сега ќе чекаме од него да го прави тоа во континуитет“, изјави Тен Хаг.
Рој Кин беше уште повеќе расположен за пофалби.
„Одигра неверојатно. Не треба да претеруваме и да се занесуваме, меѓутоа секој негов потег беше точен, имаше перфектно издание. Клубот треба да има високо мислење за него, а сигурно и го има бидејќи играше од првата минута. Му посакувам среќа и да продолжи во ваква форма, се надевам ќе остане здрав“, изјави Кин.