И официјално заврши суспензијата за Лионел Меси во Пари Сен Жермен.
Аргентинецот беше суспендиран на две недели откако отпатува во Саудиска Арабија без да добие зелено светло.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Меси се извини за својата постапка, па ќе продолжи да ги извршува своите обврски кон гигантот од Париз. Денес Меси е најавен како стартер за утрешниот натпревар против Ажаксио.
„Разговарав со Меси во четвртокот. Тој е многу мотовиран и одлучен да помогне тимот да освои уште еден трофеј. Можам да потврдам дека утре ќе биде стартер“, изјави Галтие.
Натпреварот на ПСЖ се игра утре од 21:00 часот.