Дома Фудбал Италија Галијани: Најмногу жалам што не ги донесов Дел Пјеро и Роналдо

Галијани: Најмногу жалам што не ги донесов Дел Пјеро и Роналдо

Адриано Галијани долги години беше трансфер гуру во Милан и еден од најдобрите спортски директори во Европа.

Галијани цели 27 години ја креираше трансфер политиката во Милан и донесе големи ѕвезди на „Сан Сиро“ со кои „росонерите“ освоија голем број трофеи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, постојат и многу нереализирани трансфери кои Галијани пропуштил да ги комплетира, а за кои најмногу жали денес.

„Се обидовме да го ангажираме Дел Пјеро пред да замине во Јувентус и тој е еден од двајцата фудбалери за кои најмногу жалам што не ги купивме. Падова ни го понуди, но за 5 милиони лири, голема сума за млад фудбалер во чии квалитети не бевме доволно убедени“

„Истото се случи и со Кристиано Роналдо, имаше 16 години, а Спортинг ни побара нешто околу 16-17 милиони лири. Долго го следевме и Тоти, но тој не сакаше да ја напушти Рома“, изјави Галијани.

„Жалам исто така и за трансферот на Тевез. Трансферот беше комплетно договорен, но беше поврзан со трансферот на Пато во ПСЖ. Кога Пато одби да се пресели во Париз, пропадна трансферот  на Тевез во Милан“, откри Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…