Дома Фудбал Италија Галиани до Ибра: Ако го сакаш „стариот“ Милан, дојди во Монца

Галиани до Ибра: Ако го сакаш „стариот“ Милан, дојди во Монца

Златан Ибрахимовиќ после победата над Јувентус даде изјава која крена голема прашина во медиумите.

Искусниот напаѓач искоментира дека ова не е „стариот Милан“ кој тој го познава и дека Милан едноставно не е клуб кој треба да се бори за излез во Европа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Веднаш после тоа добил повик од Галиани, кој моментално работи како спортски директор во Монца, град кој е многу блиску до Милано.

„Ми се јави и ми рече: Велиш, ова не е твојот Милан? Стариот Милан е одалечен 11 километри од Милано“, открива Ибра.

„Генерално, ми се допаѓа Галиани и неговиот начин на работа на позицијата спортски директор. Кога ме носеше во Милан, првиот пат, дојде во мојата куќа во Шведска и не сакаше да се врати во Италија без мене. Сопругата беше лута, зборуваше за него дека е луд, но јас знаев дека тој без моето ДА немаше да ја напушти куќата“, додаде Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…