Дома Трансфер зона „Газета“: Џеко може да ја напушти Рома, но ќе остане во Серија А

„Газета“: Џеко може да ја напушти Рома, но ќе остане во Серија А

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко ова лето би можел да ја напушти Рома.

Реномираната „Газета дело Спорт“ објави дека Џеко ако ја напушти Рома може да заврши во редовите на ривалот од Серија А на Рома, Интер.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Интер многу веројатно ќе треба да бара замена за Мауро Икарди кој не игра за тимот уште од кога овој клуб му ја одзема капитенската лента. Ако се земе предвид што се пишува во Италија минимални се шансите да се случи некаков пресврт и Икарди да се реши да остане во Интер.

„Газета“ пишува дека Интер е спремен на Рома да и плати оштета од 30 милиони евра.

Засега не е познато дали Џеко и Рома ќе одговорат на интересот на Интер и ќе започнат преговори.

Џеко во редовите на Рома пристигна во 2015 година од Рома и за „волчицата“ настапи на 196 натпревари и постигна 85 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…