Дома Фудбал Италија „Газета“ со големи пофалби за Елмас: Ако го наречете Елмасхелија нема да се навреди…

„Газета“ со големи пофалби за Елмас: Ако го наречете Елмасхелија нема да се навреди…

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас максимално ја искористи укажаната шанса од првата минута во натпреварот против Удинезе, „дијамантот“ одигра супер натпревар во кој постигна гол и запиша асистенција.

И претходно против Аталанта Елмас се запиша во листата на стрелци, а неговите настапи не поминаа не забележано од реномираната „Газета дело Спорт“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ако го наречете Елмасхелија нема да се навреди. Трипати доби шанса од првата минута против Лече, Аталанта и Удинезе и трипати даде гол. Освен тоа му асистираше и на Осимен. Не е како Грузиецот, но е близу и Елмас секогаш на свој начин прави разлика. Никогаш тренерот не зажалил што се одлучил за него и констатно е опасност за противниците. Занеа да игра на крилната пзоција, но и одличен е како напаѓач“, пишува „Газета“ за македонскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Богата понуда од Арабија за ѕвездата на Арсенал

Крилниот играч на Арсенал, Габриел Мартинели, може да премине во Ал-Наср, известува Goal. …