Трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона е се поизвесен, пишува Газета дело Спорт.
Газета утрово објави, а пренесоа и другите медиуми во Италија, дека Пјаниќ прифатил трансфер во Каталонија и сега останува клубовите да се договорат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус се интересира за 23-годишниот Бразилец Артур , но играчот не сака да ги напушти Каталонците, па сега во приказната се вклучени Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кој веќе играше за Јуве со кој освои четири Скудета, Куп на Италија и два Суперкупа.
Факт е дека Ракитиќ и Видал добиваат мал простор за игра кај Сетиен и клубот е подготвен да ги продаде ова лето, а сега можат да бидат дел од трансферот на Пјани. Со одреден паричен надомест, двата клуба можат да бидат задоволни со конечниот договор.
Инаку, Пјаниќ на Камп Ноу добил договор според кој ќе заработува осум милиони евра годишно, што е повеќе од заработката во Јувентус иако е меѓу најплатените играчи на клубот од Торино.
Моменталната трансфер вредност на Пјаниќ се проценува на околу 60 милиони евра.