Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, ќе остане на функцијата до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот од „Сан Сиро“.
Ова стана јасно вчера откако Гатузо имаше состанок со челниците на клубот, Леонардо, Паоло Малдини и Иван Газидис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На кризниот состанок било одлучено Гатузо да остане на кормилото на миланскиот гигант до крајот на сезоната, а потоа двете страни спогодбено да се разделат.
Милан е во голема криза и после поразот од Торино падна на 5-то место на табелата, па ќе се обиде во последните четири кола да избори пласман во Топ 4.
Џенаро Гатузо сигурно ќе замине на крајот на сезоната, без разлика дали ќе го одведе Милан во Лигата на шампионите или не.
Раководството веќе ја започна потрагата по негов наследник, а „Газета дело Спорт“ во денешното издание го откри името на фаворитот за нов тренер на Милан.
Наводно, бившиот тренер на Рома, Еусебио ди Франческо е во пол-позиција да го наследи Гатузо на тренерското столче на „Сан Сиро“.
Весникот дополнува дека списокот се уште и Маурицио Сари, Леонардо Жардин и Џанпјеро Гасперини.
?️Dal futuro della panchina del #Milan al calciomercato di #Juventus e #Inter
⚽️Le prime pagine dei giornali in edicolahttps://t.co/iiFcOJWicn— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) April 30, 2019