Претседателот на Наполи е познат како човек кој го кажува она што ги мисли, а сега немаше проблем јавно да истакне голема самоувереност во проектот кој го гради во Неапол.
Наполи минатата сезона на кормилото го доведе Карло Анчелоти и со тоа практично се започна проект со кој во Наполи се надеваат дека ќе стават крај на доминацијата на Јувентус во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лаурентис во италијанските медиуми отворено порача дека очекува Наполи за две години да биде најдобар во Италија, но и во Европа.
„Реалноста не е како видео игра. Мора да имате детално разработен план, но и знаење истиот да го спроведете, дури потоа резултатот ќе дојде. Јас верувам дека мојот Наполи за две години ќе достигне највисоко ниво – ќе бидеме најдобри во Италија и во Европа“, самоуверено изјави Де Лаурентис.
Ќе потсетиме, Наполи ова лето го доведе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој на почетокот во припремните натпревари прикажа одлична игра.