Дома Фудбал Останато Габигол ја потврди познатата фраза – „само дома си е дома“

Габигол ја потврди познатата фраза – „само дома си е дома“

Бразилскиот напаѓач, Габриел Барбоса летото 2016 година пристигна во Интер како големо засилување, но на „Меаца“ не ги оправда очекувањата.

Интер за младиот Бразилец плати дури 30 милиони евра, но после првата сезоната сите го сметаа за промашување. Габигол првиот дел од оваа сезона го помина на позајмица во Бенфика, каде што одигра само неколку натпревари.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Бенфика потоа го врати во Интер, потоа стигна повик од Сантос од каде што Габигол пристигна во Италија. Откако се врати во својот поранешен клуб, како да му се врати магијата на овој бразилски напаѓач.

Габигол по враќањето во Бразил одигра четири натпревари и постигна четири погодоци. Сепак, јасно е дека ќе мора да го поправи своето однесување бидејќи токму поради недисциплината беше „закован“ на клупата на Интер и Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ремек-дело: Во Бундеслигата се постигна спектакуларен гол со ножички! (Видео)

Во натпревароит помеѓу Хофенахјм и Келн беше постигнат спектакуларен го со ножички кој беш…