Англиските медиуми пишуваат дека бразилскиот напаѓач Габигол би можел кариерата да ја продолжи во лондонски Челси, кој е сериозно заинтересиран за неговиот потпис.
Тренерот на „сините“, Франк Лампард сака да го засили нападот со еден квалитетен голгетер, а изборот наводно паднал на Бразилецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лампард е во потрага по напаѓач за да го ослободи Жиру, кој е мета на Интер, па би можело да дојде до размена меѓу двата клуба, а „сините“ се спремни да доплатат додатни 15 милиони евра.
Габигол ја „оживеа“ својата кариера во Фламенго, каде што постигна 43 гола во 59 меча во последните две години.