Вчера англиски „Сан“ ексклузивно пренесе дека Манчестер Јунајтед би можел да добие нови сопственици.
„Сан“ тврдеше дека Откако милијарди беа инвестирани во градскиот ривал Манчестер Сити од арапски сопственици, сега „црвените ѓаволи“, исто така би можеле да добијат слични средства од саудиското кралско семејство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите кои вчера ги лансираше „Сан“ Саудиското кралско семејство кое што „тежи“ неверојатни 967 милијарди евра, имало започнати преговори за купување на еден од најголемите англиски клубови.
Не се застана тука и се „откриваше“ дека принцот е спремен да понуди огримни четири милијарди фунти за комплетно да ги добие акциите на англискиот гигант.
Меѓутоа како точни се покажаа информациите дека Глејзери не размислуваат за продажба на клубот, посебно не сега кога под водство на Солскјер тимот забележува одлични резултати и секој натпревар се очекува со голем оптимизам. Ваква информација по веројатна ќе беше доколку се појавеше додека Жозе Мурињо беше во клубот.
Во Манчестер Јунајтед не сакаа да го коментираат пишувањата на британскиот таблоид, но тоа го направи принцот Мохамед Бин Салман. Тој потврди дека со управата на клубот водел преговори, но дека не станувало збор за купување на клубот туку во прашање биле некакви спознорски договори.
Американските сопственици го купија Манчестер Јунајте во 2005 година за 790 милиони фунти.