Дома Останати Ракомет Вујо сака „револуција“ во ракометот: Гол од 10 метри нека важи два и напад од 30-35 секунди

Вујо сака „револуција“ во ракометот: Гол од 10 метри нека важи два и напад од 30-35 секунди

Легендарниот Веселн Вујовиќ се залага за промени во ракометот за да стане конкурентен на најпопуларните спортови.

Вујо често пати во последно време го пивлекува вниманието на себе со изјавите. Сега смета дека има предлог со кој ракометот би станал повеќе конкурентен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мојот конкретен предлог е голот од 10 метри да се смета како два. Така би се дала поголема прилика на екипата која „брка“ резултат. Играта би добила една нова димезија и шутрерски ќе биде по атрактивно за гледање, сигурнен сум дека би било интересно“.

Смета и дека нападот мора да се ограничи.

„Тоа дефинитивно мора да се направи и тоа на максимално 30-35 секунди со тоа што прекршокот ќе мора да се казнува со нов напад. Така играта би била почиста“.

ВАР?

„Технологијата е скапа, а ние не сме богат спорт. Ниту сите фудбалски лиги ја немаат, но ја имаат Лигата на шампионите и големите натпреварувања. Сигурно дека со неа би можеле да ги намалиме грешките. Ако видам дека некој стапнал на линијата и дал гол од престап би требал ода можам да побарал „челенџ“, ако не сум во право нека ми го одземат“, смета Вујо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…