Репрезентацијата на Словенија во натпреварот кој се одигра во терминот од 18:15 на Европско првенство во Хрватска ја совлада Шпанија со резултат 31:26.
Словенците одиграа одличен натпревар против „црвената фурија“, а за нас е важно што оваа нивна победа и тоа како ни одговараше во борбата со Шпанија за втората позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Веселин Вујовиќ уште од самиот старт тргнаа одлично и направија предност од три гола разлика со 5:2: До крајот на првиот дел Шпанија успеа да ја намали разликата и да стигне на негатива од еден гол 13:12.
Во вториот дел Словенците продолжија со одличната игра, а во еден момент имаа и седум гола предност 25:18. До крајот Шпанците успеаа само да ја намалат негативата за конечни 31:26.
Најефикасни во редовите на Словенија беа Маргуч, Мачковсек и Благотиншек со четири постигнати погодоци, додека кај Шпанците шест погодоци постигна Соле.
После овој пораз на Шпанците остануваат на втората позиција со четири бода, колку што имаат и Германците, но ние имаме натпревар помалку и доколку славиме во денешниот натпревар против Чешка ќе се искачиме на втората позиција која води во полуфиналето.