Дома Останати Ракомет Вујовиќ: Хрватска намерно беше оштетена

Вујовиќ: Хрватска намерно беше оштетена

Репрезентацијата на Хрватска беше одлична во текот на целото Светско првенство, но сепак со поразите од Бразил и Германија го расипаа впечатокот.

Големо внимание привлече натпреварот против Германија каде што Германците во финишот од натпреварот добија помош од судиите и беше досудено пробивање од страна на Карачиќ.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сега во колумна за хрватски „Индекс“, Веселин Вујовиќ порача дека Хрватска е оштетена, но не ограбена како што тврди Червар.

„Да, Хрватска е намерно оштетена од данските судии. Но не е ограбена. Се до тој момент арбитражата на оваа судиска двојка беше коректна. Во тој момент кога ја ошететија Хрватска ќе беше исправно ако Виде заработеше исклучување поради симулирање“.
Потоа Вујо ја прокоментира и жестоката реакција на Червар.

„Не ми е јасно зошто Лино така реагираше. Судиите грешеа и во негова полза. Не знам дали толку добро ги пдготвува натпреварите, па нема што да каже на тајм-аутите. Кога тој ќе повика тајм-аут кажува нешто кое и случаен минувач може да го каже. Бидете мирни, постигнете погодок и играјте добро во одбраната. Сигурен сум дека ако Хрватска има помлад селектор ќе оствари далеку поголем успех“, порача Вујо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпрева…