Дома Топ вести Врие во Реал Мадрид: Играчите се кренаа против Зидан

Врие во Реал Мадрид: Играчите се кренаа против Зидан

Зинедин Зидан откако седна на кормилото на „кралевите“ освои голем број на трофеи, меѓу кои и два во Лигата на шампиони, но моментално поминува низ најтешките денови откако е тренер на Реал Мадрид.

„Кралевите“ играат слабо оваа сезона, веќе заостануваат 16 бода зад лидерот Барселона, а во ЛШ во осминафиналето ќе играат против моќниот ПСЖ. Меѓутоа, она што најмногу го плаши Зидан е ситуацијата во тимот, односно поделбата на кланови во соблекувалната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа Зидан организирал 45-минутен состанок на кој секој можел отворено да каже што му смета. Како што пренесува „АС“ се побуниле младите фудбалери кои го обвинуваат тренерот дека има двојни стандарди и дека не играат оние кои најмногу се залагаат на тренинзите.

Тие го обвинуваат дека се потпирал многу на играчите кои биле основа на успесите минатата сезона, но тие се далеку од познатата форма. Во обвинувањата најгласни биле шпанските фудбалери: Иско, Асенсио, Себаљос, Лукас Васкез кои добиле поддршка и од капитенот Рамос.

Вечерва се очекува Зизу да се потпира првенствено на неговите млади фудбалери во реваншот против Нумансија од 1/8-финалето на Купот на Шпанија. Реал има водство од 3:0 по првиот натпревар и дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ се чини како формалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…