Сигурно сите, посебно во младите денови сте правеле некои идеални постави од најдобрите играчи кои би сакале да ги гледате во еден тим.
Сега такво нешто направи реномираниот шпански медиум „Марка“, но во нивната тема не може да има дилеми кој заслужува или кој не заслужува да биде затоа што се избрани најскапите фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вредноста на најскапите единаесетмина изнесува астрономска сума од 1.159 милијарда евра. Формацијата во која би играле најскапите е 3-4-3.
На голот местото му припадна на голманот на Челзи, Кепа Аризабалага за кого „сините“ платија 80 милиони евра. Во одбраната има тројца стопери, а тоа се Вирџил Ван Дијк за кого Ливерпул плати 85 милиони евра, Лукас Ернандез кој од наредната сезона ќе игра во Баерн (80 милиони евра) и Емерик Лапорт кој во Манчестер Сити се пресели за 65 милиони евра.
Во средниот ред се Кутињо кој е платен 120 милиони евра, Пол Погба кој Манчестер Јунајтед го врати од Јувентус за 105 милиони евра, а тука се уште Френки Де Јонг (наредната сезона ќе игра за Барселона) и Хамес Родригез кои се платени по 75 милиони евра.
Скапоцениот напад е составен од Нејмар, Кристиано Роналдо и Килијан Мбапе. Нејмар е најскапиот фудбалер како што е познато, за него ПСЖ на Барса и плати 222 милиони евра. Мбапе „светците“ го купија од Монако за 135 милиони евра, додека Јувентус минатото лето за Роналдо издвои 117 милиони евра.