Вредноста на фудбалерите на Ливерпул порасна до 1,1 милијарда фунти во изминатите пет години откако на кормилото на тимот седна Јирген Клоп.
Англиските медиуми ја пресметаа оваа сума следејќи го индексот на движењето на пазарната вредност на фудбалерите.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Откако во 2015 година Клоп пристигна на „Енфилд“ направи големи промени во тимот. Неколку фудбалери заминаа, а пристигнаа нови фудбалери кои значително ја зголемија вредноста на тимот меѓу кои Салах, Мане, Ван Дајк, Алисон…
Исто така вредноста на фудбалери како Александар Арнолд и Робертсон значително се зголеми во последните две-три години.
Според европскиот клупски индерс вредноста на првиот тим на Ливерпул во изминатите години се зголеми од 312 милиони на 1,1 милијарда фунти.
£300m – £1.1bn.
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) March 5, 2020
Wow ?https://t.co/ZYsqI1Tmql