Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба се опоравува според планот и клубот е веќе од задоволен од тоа како се одвива се околу неговото враќање на терените.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Французинот веднаш по пристигнувањето во Јувентус заработи повреда на коленото, поради што не одигра ниту една секунда во враќањето во „старата дама“, а првиот настап го очекува на почетокот на 2023.




Претходните недели Погба работеше напорно на враќањето, а потоа доби одмор кој го искористи во Мајами.




Се уште не почнал да работи на теренот на Тренинг центарот „Континас“, работи во теретана и вежба рехабилитациони вежби во базен, како и физикална терапија.




Во Јувентус биле задоволни од неговиот напредок и се вели дека очекува да го има во тимот во првата половина на јануари и тој би можел да биде во игра за тимот кој ќе се соочи со Наполи на 13-ти првиот месец од годината.



