Дома Топ вести Во Шпанија под истрага и натпревар на Реал Мадрид!

Во Шпанија под истрага и натпревар на Реал Мадрид!

Неодамна Шпанија ја потресе голем скандал откако неколку фудбалери беа уапсени под сомневање дека биле вмешани во местење натпревари.

Во големата акција уапсен беше поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво, а покрај него уапсени беа Борха Фернандез, Сем Саиз, Карлос Аранда и уште неколкумина.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Денес шпански „Ел Паис“ пишува дека Карлос Аранада се обидел да го намести бројот на корнери на натпреварот помеѓу Малага и Реал Мадрид во 2017 година.

Весникот пишува дека Аранда постигнал договор со играчот на Малага, Рецио дека тој ден ќе има толку корнери на натпреварот.

Рецио играше тој ден, но на натпреварот имало 16 корнери, два повеќе од бројката што ја барал Аранда.

„Гледај, гледај, гледај, гледај, те прашав за 14 и имаше 16, каков идиот сум јас“, зборува Аранда во разговорот со Рецио кој го објави „Ел Паис“.

„Вчера на натпреварот имало 16 корнери? Не ги броев“, одговара Рецио. „Ел Паис“ додадава и дека тоа не единствениот натпревар во кој Рецио бил поврзан со местењето натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…