Челзи беше „крал“ на зимскиот преоден рок и потроши неверојатни 300 милиони евра за нови засилувања.
Со новите засилувања „сините“ и официјално ја започнаа реконструкцијата на тимот, замина Жоржињо, а Челзи е спремен на лето да продаде уште неколку ѕвезди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Челзи ќе продаде дури 11 фудбалери, а меѓу нив се Каи Хаверц, Рахим Стерлинг, Кристијан Пулишиќ, Бен Чилвел, Матео Ковачиќ, Хаким Зијех, Пјер-Емерик Обамејанг, Цезар Аспиликуета, Конор Галагер, Рубен Лофтус-Чик и Армандо Броја.
Лондонскиот гигант претходно се засили со неколку фудбалери, меѓу кои беа Енцо Фернандез, Мудрик, Фофана, Кукурела, Стерлинг и други, а на нивните трансфери новиот газда Боели потроши над 600 милиони евра.