Дома Македонски спорт Мак фудбал Во ФФМ нема коронавирус!

Во ФФМ нема коронавирус!

Во раководството на ФФМ нема коронавирус!

По враќањето од самитот во Амстердам кој беше одржан на 17. март претседателот, Муамед Сејдин, потпретседателот, Лазар Ракиџиев, селекторот Игор Ангеловски и портпаролот Златко Андоновски не покажале никакви симптоми на вирусот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ќе потсетиме тие беа во изолација откако кај некои присутни на споменатиот конгрес беше потврден коронавирусот.

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:

“Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и потпретседателот на федерацијата, Лазар Ракиџиев без никакви симптоми на постоење коронавирус го минаа периодот од 14 денови по присуството на Конгресот на УЕФА во Амдстердам (03. – 17. март). 

Првите луѓе на македонскиот фудбал по препорака од Институтот за Јавно здравје минаа неколку дена во изолација откако беше потврдено дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија и неговиот заменик, кои исто така беа дел од Конгресот на УЕФА, се позитивни на коронавирусот SARS-CoV-2.

Без симптоми на коронавирусот по враќањето од Амстердам се и селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и портпаролот, Златко Андоновски. Двајцата, по официјалната посета на тренинг центрите и сместувачките капацитети за ЕВРО 2020 во Холандија, пристигнаа во Скопје, ден подоцна од водечките луѓе на ФФМ.  

Истовремено, Фудбалската федерација на Македонија преку генералниот секретар, Филип Поповски го информира целото фудбалско семејство дека „Куќата на фудбалот“ до 24. март 2020 година, односно до денот кога истекува предвидениот рок од македонската Влада за овозможување на право за отсуство од работа заради превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, ќе работи ограничено во однос на човечките ресурси присутни во Фудбалската федерација на Македонија, односно само во исклучително потребни случаи, администрацијата на ФФМ ќе биде на работните места во федерацијата.

За да се намали фреквенцијата, особено за документите и барањата кои најчесто им се потребни на клубовите од сите категории, овозможивме најчесто бараните документи, или други потреби да се добиваат по електронски пат“, стои во соопштението од ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Форца 2015 е освојувачот на футсал Купот на Македонија

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот…