Остануваат уште два дена до затварање на преодниот рок, а менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека постои можност двајца фудалер да го напуштат клубот.
Станува збор за Карл Џенконсон и Матије Дебуши, фудбалери на кои Арсен Венгер им ја отвори излезната врата и потврди дека нема намера да купува фудбалери оваа зима.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„И понатаму постои можност клубот да го напуштат Џенконсон и Дебуши. Кристал Палас го сака Карл, но сеуште не сме блиску до договор, станува збор за одличен фудбалер и заслужува да биде среќен. Дебуши сега е потполно спремен, се опорави и сака нови предизвици. Што се однесува за купување, имаме доволно играчи на сите позиции и немаме потреба од засилувања“, потврди Венгер.