Лука Јовиќ е желба на неколку европски клубови, но Реал Мадрид не сака толку лесно да го пушти српскиот напаѓач.
Јасно е дека Јовиќ не се докажа на големата сцена во Мадрид и дека Реал е спремен да го продаде, но бидејќи го плати 60 милиони евра „кралевите“ не сакаат да го продадат за „ситно“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед дека Бензема и понатаму е прва опција во нападот на Реал сеедно му е кој ќе биде заманеа, Јовиќ или Диаз. Според информациите на шпанските медиуми Реал ќе прифати да го продаде Јовиќ за 35 милиони евра.
На „Сантијаго Бернабеу“ се свесни дека ако Јовиќ седи уште една сезона на клупата цената ќе му биде уште пониска па ова лето можеби е последна шанса Реал да врати барем половина од вложеното во него.
Претходно Јовиќ најмногу се поврзуваше со Милан кој сака да го доведе на позајмица.