Во првите пет натпревари од четвртото коло во германската Бундеслига видовме четири победи и едно реми.
Хофенхајм – Борусија Дортмунд се очекуваше да биде најинтересниот дуел, но на крај во него видовме само еден гол. Марко Ројс во 76. донесе победа за „милионерите“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мајнц на домашен терен изгуби од Леверкузен со 0:1, Луис Аларио го постигна голот за гостите.
Херта на свој терен изгуби од Штутгарт со 2:0, стрелци на головите беа Кемпф и Кастро. За Херта ова беше прв пораз сезонава.
Лајпциг исто така како гостин славеше против Аугусбург. Со по еден гол во првото и второто полувреме преку Анхелињо и Поулсен Лајпциг стигна до триумфот кој му донесе лидерска позиција на табелата.
Без победник заврши дуелот Фрајбург – Вердер (1:1).