Фудбалерите на Парма успеаа да се вратат во Серија А откако пред неколку години беа исфрлени дури во Серија Д.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Парма во вчерашното последно коло од италијанската Серија Б ја совлада Специја со 2:0 и така поради ремито на Фросиноне со Фоџа обезбеди директен пласман во најсилната италијанска конкуренција.
Откако Парма успеа да се врати онаму каде што припаѓа на улиците на овој град настана вистинска еуфорија. Навивачите на Парма се собраа во центарот на градот да ги пречекаат своите херои.
Иако автобусот со играчите на Парма стигна дури околу два часот по полноќ играчите на овој клуб сигурно останаа без текст кога ги пречекаа неколку илјади навивачи кои го славеа големиот успех.
Славјето на играчите и навивачите на Парма траеше се до раните утрински часови.