По големиот број судиски грешки во македонскиот фудбал, ФФМ неодамна најави дека ќе воведе ВАР во Премиер лигата, а сега видовме една интересна ситуација каде што може да се види дека ВАР би бил од корист.
Имено, тимот од Аеродром, ФК Слободен кој се натпреварува во четвртата лига во зимската пауза организира турнир на кој игра неговата прва екипа, тимот до 18 години и тимот составен од поранешни играчи на ФК Слободен. Целта е играчите да останат во добра физичка форма и кога ќе почне вториот дел од сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така изминатиот викенд сениорите играа против У18 тимот и славеа со 8:5. Меѓутоа тука видовме и ситуација како ВАР би бил од корист и на терените во македонскиот фудбал.
играч на У18 влезе во шестнаесетникот, а од зад грб лизгачки старт му направи играч на првиот тим. Од снимката се гледа дека стартот е чист, на топка, но на судијата од неговиот агол му се виде дека е фаул и покажа најстрога казна – пенал. Главниот судија потоа веднаш се упати крај аут-линијата, каде на мобилен телефон ја прегледа ситуацијата (натпреварот одеше во живо на стрим на YouTube!) и ја призна грешката, па досуди аут наместо пенал.