Реал Сосиедад вчера изненадувачки потврди дека Давид Силва е нивни нов фудбалер.
Силва после десет години одлучи да го напушти Манчестер Сити и се врати во Шпанија. Изненадување е што кариерата ја продолжи во Реал Сосиедад затоа што претходно цело време се поврзуваше со Лацио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Силва со Лацио имаше договор за соработка на три години, Лацио дури ги закажа и медицинските прегледи. Но, сите во клубот биле шокирани кога стигнала објавата од шпанскиот клуб.
Сосиедад во тајност преговарал со Силва и успеал се да договори, но во Лацио се разочарани затоа што играчот не им кажал ништо за преговорите и сите го очекувале да пристигне во Рим.
Колку се погодени во Лацио најдобро покажува изјавата на спортскиот директор на римскиот клуб Игли Таре.
„Го почитувам Давид Силва како играч, но не и како човек“, порача Таре.