Дома Фудбал Италија Во Италија одлучија: Серија А ќе гледаме скоро преку цело лето!

Во Италија одлучија: Серија А ќе гледаме скоро преку цело лето!

Oд кога УЕФА соопшти дека крајниот рок за завршувањето на првенствата е 3. август први потег направија Италијанците.

Сезоната во Италија, место до 30. јуни ќе трае до 2. август. Клубовите би требало со тренинзи да започнат на половината од мај, а во јуни сезоната ќе може да продолжи, секако пред празни трибини.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Планот е и прво да се играат натпреварите од Купот на Италија, реваншите помеѓу Наполи – Интер и Јувентус – Милан. Предвидено е тие натпревари да се одиграат помеѓу 27. и 31. мај.

Така во јуни и јули ќе ги гледаме преостанатите натпревари во Серија А, во првите денови на агуст ќе се одигра последното коло, а потоа ќе следи завршницата од Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

Во овој момент Јувентус е лидер со 63 бода, додека Лацио има бод помалку, 62. Следи Интер со 54 и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…