Дома Фудбал Останато Во Европа се појави нов „случај Халанд“

Во Европа се појави нов „случај Халанд“

20-годишниот Канаѓанец, Џонатан Давид би можел да тргне по стапките на Ерлинг Халанд.

Давид веќе постигна 18 гола за Гент во својата втора сезона во Европа и го привлече вниманието на клубовите од Бундеслигата, а експертите тврдат дека може да биде нова фудбалска сензација исто како Халанд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Халанд во Дортмунд ја продолжи својата имперсивна голгетерска серија, а клубовите од Германија се надеваат дека и Давид може да тргне по стапките на Норвежанецот.

Давид пред неколку години пристигна во Белгија од Отава, а набрзо стана и најдобар стрелец во Јупитер лигата.

Викендов постигна три гола за Гент и ја продолжи својата фантастична голгетерска серија

Клубовите ширум Европа се очекува да се „тепаат“ на лето за неговиот потпис, кој во моментов чини околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…