Пандемијата со коронавирусот направи големи проблеми за клубовите ширум светот.
Многумина беа приморани да отпуштаат работници и да ги намалуваат трошоците за колку толку нормално да функционираат, а кризата не ја заобиколи и Борусија Дортмунд.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Прекинувањето на сезоната, но и играњето зад затворени врати имаа големо влијание на приходите на Борусија имајќи во предвид дека овој клуб во просек има најмногу гледачи на трибините во Бундеслигата.
Медиумите во Германија пренесуваат дека во Борусија поради кризата очекуваат да изгубат околу 45 милиони евра.
Милионерите лани работеле со добивка, па не треба да се сомневаме дека имаат доволно финансиски резерви да ја преживеат оваа криза.