Дома Топ вести Во Барселона бесни, ќе преземат драстични мерки против Де Јонг

Во Барселона бесни, ќе преземат драстични мерки против Де Јонг

Евентуалниот трансфер на Френки де Јонг од Барселона во Манчестер Јунајтед се претвори во најголема трансфер сага ова лето.

Барселона и Манчестер Јунајтед имаат комплетен договор, но Де Јонг продолжува да одбива трансфер на „Олд Трафорд“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Готово сите релевантни шпански медиуми објавија дека Барселона е фрустрирана од целата ситуација и е спрмена да преземе ригирозни мерки против фудбалерот.

Холанѓанецот неколку пати бил замолен да прифати трансфер, а последно раководството го информирало дека нема да замине со остатокот од тимот на турнејата во САД.

Каталонците се категорични во намерата да го продадат ова лето и му се заканиле дека ќе го остават да тренира сам во тренинг кампот се додека не прифати трансфер во Манчестер Јунајтед.

Медиумите откриваат дека Де Јонг одбива трансфер на „Олд Трафорд“ поради фактот што сака да игра во Лигата на шампиони. Другата причина е што во договорот со Барселона оваа сезона му се активираат разни бонуси и неговата плата се зголемува скоро двојно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јамал ја изневерил девојката со позната инфлуенсерка од Италија?

Шпанските медиуми крајот на 2024 година го поврзуваа Ламин Јамал со италијанската инфлуенс…