Дома Топ вести Во Атлетико убедени: Гризман останува 1000%!

Во Атлетико убедени: Гризман останува 1000%!

Шпекулациите за потенцијалниот трансфер на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона не се новост, но повторно се засилија изминатите недели.

Одредени медиуми дури и тврдат дека францускиот напаѓач се одлучил за трансфер и дека наредната сезона ќе настапува за каталонскиот гигант.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, од Атлетико и понатаму убедуваат дека Гризман ќе биде нивни играч и наредната сезона.

Тренерот Диего Симеоне неодамна порача дека не може да си замисли Гризман да го напушти клубот.

„Дали можам да ја замислам следната сезона без Гризман во Атлетико? Не. Тој има договор со клубот и е еден од нашите предводници. Гризман даде се од себе откако се пресели во Атлетико. Мислам дека утре ќе има одличен натпревар против Алавес. Тоа е сè што можам да ви кажам за неговата ситуација“, изјави Симеоне за Гризман неодамна пред натпреварот против Алавес.

После тренерот Симеоне во јавноста сега зборуваше претседателот на шпанскиот клуб, Енрике Церезо кој тврди дека Гризман сигурно ќе остане.

„Нема шанси Гризман да си замине ова лето. Останува 1000%“, кратко порача Церезо во текот на шпанската емисија „Ел Рондо“.

Ќе потсетиме, Гризман минатото лето беше тема на многу шпекулации за трансфер во Барселона. Тогаш Французинот го продолжи договорот и сега е обврзан на верност кон Атлетико до летото 2023 година.

Оваа сезона Гризман постигна 18 голови и запиша девет асистенции за Атлетико во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига …