Купот на Македонија за сениори/ки се одржа викендов во организација на Атлетска федерација на Македонија во националната арена „Тодор Проески”. Во текот на двата дена се натпреваруваа 200 спортисти во повеќе дисциплини и тоа трчање од 100 до 10.000 метри, како и на пречки, височина, далечина, трискок, фрлање на ѓуле, диск, копје.
– Викендот претставуваше празник на атлетиката во земјава така што на сите учесници сакам да им честитам и да им се заблагодарам што беа дел од настанот. Со гордост можам да кажам дека имаме нови рекорди поточно нови лични рекорди, државен рекорд и настап на четворица атлетичари кои имаат над 1000 бодови во IAAF таблицата. Инаку имавме трка на 400 метри во машка конкуренција каде првите шест учесници постигнаа одлични резултати. Дел од спортистите уште од денеска продолжија со подготовки за претстојните меѓународни натпревари а исто ме радува што имаме многу нови млади лица кои сакаат да бидат дел од атлетиката, истакна претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во севкупен пласман меѓу првите три клуба освоија АК Делта, АК Работнички и АК Куманово. Во женска конкуренција први беа АК Работнички, втори АК Делта и трети АК Куманово, додека во машка конкуренција први беа АК Делта, втори АК Куманово трети АК Работнички.
– Најзабележителен настап имаше атлетичарот Јован Стојоски кој имаше најдобар резултат по IAAF таблица, и освои први места во дисциплините на 100 метри, 200 и на 400 метри. Атлетичарката Дрита Ислами освои четири први места на 100 и 400 метри со пречки, 200 и 400 метри, која е единствената атлетичарка која има први места. Имавме нов државен рекорд истрчан од Дарио Ивановски на 10.000 метри – 30.04,66, тој настапи и во дисциплината на 5.000 метри каде го освои првото место. Атлетичарот Андреас Трајковски, скок во далечина 7 51 настапи вон конкуренција поради добивање на македонско државјанство, додаде претседателката Војнеска.