Веројатно е само прашање на време, наредното лето најбогатите фудбалски клубови ќе започнат „војна“, а мета ќе биде ѕвездата на Јувентус и Серија А, феноменалниот Паоло Дибала.
Дибала е убедливо најдобриот фудбалер оваа сезона во италијанското првенство, „Ла Хоја“ едноставно експлодираше. Аргентинецот веќе постигна 10 погодоци на првите шест натпревари во Серија А, а многумина веруваат дека ја игра својата последна сезона во Торино.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, доколку продолжи со ваквите настапи лесно би можел да го собори рекордот на Нејмар, Барселона во последниот ден од преодниот рок за неговите услуги понуди 160 милиони евра, но Јувентус ја одби таа понуда.
Дибала нема намера да заминува и истакна дека ќе остане во клубот се додека е потребен и додека го посакуваат, но на адреса на Торино би можела да стигне понуда која „старата дама“ не ќе може да ја одбие.
Имено, Аргентинецот сега заработува седум милиони евра по сезона, во Серија А пред него се Бонучи и Игуаин и доколку некој му понуди двојно поголеми примања Јувентус веројатно не би можел да парира.
Познато е дека Ањели и Мартоа секогаш истакнуваат дека за незадоволните нема место во Торино.
Но, како да се откажат од „Ла Хоја“?
Веројатно само за нов светски рекорд, англиските медиуми шпекулираат дека Манчестер Јунајтед доколку не успее да го доведе Герет Бејл ќе тргне по потписот на Дибала. Наводно, „црвените ѓаволи“ имаа намера да вклучат некој играч со што би ја намалиле цената.
Во секој случај, навивачите на Јувентус се надеваат дека клубот нема да го продаде фудбалерот кој ја доби легендарната „десетка“, но истото го направи и Погба. Како и да е доколку вака продолжи Дибала сигурно ќе биде еден од најбараните фудбалери идното лето.